view the document in issuu
КОН ОДРЖЛИВИОТ ГРАД - предизвици и препораки
Одржливоста на просторот, културните изрази, градовите, секторите и целото општество се повеќе се среќаваат како тема и во нашите простори. Проектот Act4City се занимава токму со прашањето за ангажираноста и улогата на независните културни организации и граѓаните/ките во јавните размислувања и придонеси за градот кој е одржлив. При занимавањето со темата за одржлив развој на територијата на поранешните југословенски републики (кои не треба да се земат како исклучок), забележавме дека начинот на кој оваа тема се воведува е опкружен со многу проблеми на кои е важно да се укаже. Токму овој краток вовед се занимава со овие проблеми и недоволното разбирање на прашањата за одржлив град, додека во вториот дел на овој документ се нудат препораки за различните засегнати страни (носители на одлуки, организации во областа на културата и уметноста, научни и образовни организации и донатори), базирани на искуствата набрани токму за времетраењето на проектот Act4City.
ПРЕДИЗВИЦИ ВО ГРАДЕЊЕТО НА ОДРЖЛИВИОТ ГРАД
Во контекст на одржливиот развој, од самото создавање на овој термин, клучна улога игра економската политика која треба пред се да обезбеде постојан прилив на инвестиции и добра клима за инвестирање, која подразбира можност за постигнување на високи стапки на профит преку корисно искористување на природните ресурси и достапната, квалификувана и евтина работна сила. Социјалните, културните и еколошките прашања во контекст на одржливиот развој, а пред се достапноста на јавните добра, објекти и услуги се наоѓаат во втор план.
Како резултат на тоа, инвеститорите и нивните интереси по правило се земаат како позначајни од интересите на група граѓани, граѓанските организации и одржливоста на природните процеси; тие имаат привилегиран пристап до местата на донесување одлуки; може значајно да ја менуваат постоечката законска регулатива или да ги избегнат последиците за непочитување на истата, а секое спротивставување се толкува како спротивставување на инвестициите и економскиот развој.
Многу политичари го игнорираат фактот дека раководат со јавни добра кои не им припаѓаат, па оттука и процесите на донесување одлуки не ги спроведуваат транспарентно и во нив ги фаворизираат интересите на нивните поддржувачи. Јавни расправи, јавни конкурси и други форми на учество на јавноста во процесот на донесување одлуки се изигруваат. Со ова се креираат затворени и приватизирани простори на одлучување кои се во полза на интересите на најмоќните членови (глобално) на општеството со што се овозможува присвојување на јавни добра.
Експертски комисии се формираат за да се укаже на почитувањето на процедурите, но тие најчесто се корумпирани или недоволно професионални. Дури и кога тоа не е случај, тесно-стручниот, партикуларен поглед врз развојот кој таквите комисии го фаворизираат не ја признава разновидноста и сеопфатноста на структурните проблеми и ги промовираат едно-димензионалните решенија.
Во исто време, културните институции во нашиот регион се затворени во тесно дефинирано поле на култура и уметност кое има за задача да не крева многу прав, да го исполни слободното време со прифатливи содржини и на самите актери во областа на културата и уметноста да им го обезбеди минимумот потребен за преживување. Во нивните програми нема започнување на пошироки прашања за одржливоста на градовите и за начинот на кој живееме, работиме, трошие и создаваме.
Областа на културата и уметноста се уште се сфаќа себе како целосно одделена од прашањата за природата и културните содржини ретко се анализираат и проблематизираат преку различните начини на однесување кон природата низ историјата и културата, како и различните начини на кои природата ја обликувала културата.
Најчесто, во потрагата по добри пракси во урбанизот, заштитата, архитектурата, енергетиката, екологијата и другите области од значење за развојот се гледа кон Запад, и покрај фактот дека југословенското наследство е многу интересно од аспектот на одржливиот развој. Како резултат на тоа, голем број на нови еколошки, младински и активистички организации не соработуваат со аматерски организации, синдикати, извидници, планинари и други кои се основани пред неколку децении, а кои се уште имаат членство, вредно искуство и некои ресурси кои можат да бидат здружани.
Во голем број на активистички и ангажирани проекти врежена е идејата за летаргичност на граѓаните која се зема како карактеристика и со тоа дополнително го обесхрабрува секој обид за промена. Разликите меѓу граѓаните и начините на создавање и задоволување на нивните исто така различни потреби не се земаат во предвид и се толкуваат премногу стереотипно и упростено.
Како резултат на сето ова, наместо темелни решенија, често се произведуваат привремени и површни интервенции, кои повеќе претставуваат обид за санирање на длабоки рани и скршеници со лепење на фластери. Фластерите очигледно не го решаваат проблемот, туку само создаваат чувство дека нешто се прави. Во исто време, процесот на сериозна рефлексија, анализи, дебати и промени се одложуваат за некое подобро утре.
Затоа, во препораките кои следат, се нагласува потребата прашањата за одржлив развојот на градовите да се поставуват така да ги вклучат размислувањата за некои од фундаменталните прашања на организација на општеството, економијата и културата; да се креираат простори и ресурси за да се бараат одговори; и во потрага по одговорите на овие прашања да се вклучени што поширок круг на граѓани и граѓанки од сите слоеви, социјални статуси, стекнато образование и животните искуства.
Под претпоставка дека за создавање на различни урбани политики треба да учествуваат различни засегнати страни, препораките се групирани во четири групи, наспроти некои од клучните чинители кои учествуваат во јавното одлучување, застапување и промоција на идејата за одржливост на урбаниот развој.
ПРЕПОРАКИ ЗА АКТЕРИТЕ/КИТЕ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ОБЛИКУВАЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ
А. Претставници на власта / носители на одлуки
Во контекст на горе споменатото разбирање на одржливиот град и улогата на културните актери во оваа област, проектот Act4City формулира седум клучни насоки за носителите на одлуки кои управуваат со развојот на градовите и распределбата на јавните ресурси во нив:
- Прашањата на развојот на градовите се сложени и важно е во потрага по одговорите да учествуваат различни групи и поединци, со цел да се собере широк спектар на знаење. Работните тела и комисиите затоа треба да бидат интердисциплинарни, отворени, динамички и во клучните фази да собираат што поширок спектар на мислења со цел да се постигне најдобро решение.
- Меѓусекторската соработка е од суштинско значење во политиките на одржливите градови. Затоа е важно учество на актерите од областа на културата и уметноста во широк спектар на прашања од значење за градот, како што се урбанистичкото планирање, образованието, економијата, а исто така во прашањата за културата и уметноста, кои се вклучени во политиките на градот треба да се вклучат и други струки - планери, инженери за заштита на животната средина, економисти, педагози, социјални работници и други.
- Одржлив град е град каде што различните актери можат да ги изразат своите потреби, интереси и решенија и важно е да се создаде простор за поширок спектар на консултации, средби и дискусии во процесот на донесување одлуки. Јавните расправи не треба да бидат последен чекор пред донесување на некое решение, и проектите кои се одобруваат и спроведуваат со јавните средства треба да бидат транспарентни и образложени.
- Треба да се поттикнуваат граѓанските организации и институции во областа на културата и уметноста, а и пошироко, да го следат процесот на донесување одлуки и да се вклучени во нив така што своите програми, активности и интервенции ќе ги насочат кон осветлување на актуелните прашања кои се од значење за граѓаните и граѓанките.
- Културните политики на градовите и механизмите за финансирање на организациите и институциите од областа на културата, треба да го поттикнуваат создавањето на културни содржини и пракси кои поставуваат актуелни прашања од јавно значење, кои нудат можни одговори и различни начини на гледање на квалитетот на живот, односот кон природата, социјалната положба и економската политика.
- Исто така, културните политики треба да ги формулираат механизмите за поддршка на организациите од областа на културата и уметноста кон соработка со другите сектори и особено да ги вреднуваат експериментите кои водат кон нови решенија за градовите.
- Потребно е постојано да се градат капацитетите на институциите и независните актери во културата за решавање на прашања на одржливи градови и граѓански активизам, и важно е механизмите за финансирање да не поддржуваат само одредени краткорочни проекти, туки и долгорочни програми и простори за средби.
Б. Независни актери во културата
Во потрага по простор за активните граѓани и граѓанки и независните актери во културата, проектот Act4City се држеше кон идејата дека е важно проблематиката за управување со општеството да не се гледа само како експертско прашањето за заштита на животинските и растителните видови, производството на енергија и рециклирањето, управувањето со каматните стапки, просторното планирање, изградбата и уредувањето на законите, туку и како прашање за заедничкиот живот на луѓето, машините, растенијата, животните и неживата материја на планетата. Токму во разгледувањето на овие односи и прашањата, организациите во културата и уметноста може да обезбедат важен придонес и тоа на следните начини:
- Во борбата за одржливи градови, актерите во културата треба да ги проблематизираат идеите за културата како изолирано, несомнено и општо добро, да настојуваат културните содржини да нудат одговори на актуелни прашања од значење за јавноста и да понудат различни начини на гледање на реалноста, на односот помеѓу културата и природата и квалитетот на живот од најдостапните глобални или традиционални културни содржини. Затоа, важно е овие актери да ги следат јавните дебати и да нудат алтернативни простори за активно учество на граѓаните/ките од различни профили и изразување на различни ставови и мислења.
- Независните актери во културата се почесто се на првата линијата на експериментирање во доменот на нови форми на политичност. Иако многу од просторите за ангажираност и политичност се стеснети, актерите во областа на културата и уметноста треба да ја користат својата општествена положба за да создаваат микро простори за политичност на граѓаните и гаѓанките преку ангажирани уметнички содржини, граѓанско учество во процесот на продукција на културните содржини и интервенции во јавниот простор.
- Борбата за одржлив град мора да биде меѓусекторска и меѓуресорска, за што е неопходен простор за дијалог и заедничко размислување за алтернативен развој на градовите со граѓаните/ките, политичарите, еколозите, економистите и другите професионалци. Ова не значи отфрлање на специфичните експертизи, туку одбрана на јавниот интерес и просторот за јавна дебата од затворање во тесни кругови на експерти од било која ориентација.
- Во дебатите за одржлив град и во потрагата по политики за одржливост, актерите од областа на културата и уметноста треба да ги прошират географските и временските рамки и надвор од модерните западни општества, и да истражуваат и да го внесуваат во јавниот простор наследство од југословенскиот период, како и еколошките, социјалните и економските политики на воневропските простори како можна инспирација.
- При застапување на транспарентни и одговорни јавни политики, независните организации треба и самите да придонесат за климата на отвореност и транспарентност, така што за своите извори и начини на собирање средства ќе бидат поотворени.
Ц. Донатори
Странските донатори се важен фактор за да се поттикнат не само индивидуалните проекти, туку и одржувањето на цели организации врз чија работа нивните агенди имаат големо влијание. Затоа:
- Странските донатори треба да одговараат на специфичностите на национално и локално ниво, како и да ги подджуваат и зајакнуваат иницијативите кои веќе постојат. Донаторските политики треба да создаваат точка на соработка помеѓу еколошките организации од времето на Југославија (планинарски клубови, горски служби, младински движења) и новоформираните невладини организации од областа на екологијата, урбаниот развој, културатаи др.
- Со оглед на тоа дека прашањето за одржлив град се однесува на еколошките, економските, социјалните, културните и другите политики и бара интегриран пристап кон јавните политики, донаторската политика и механизмите за поддршка би требало да поттикнуваат меѓусекторската и меѓуресорската соработка, средби на различни експертизи, како и граѓански експертизи во иницијативи и решенија за одржлив град.
- Донаторските политики и механизми за поддршка треба да го поттикнуваат вклучувањето на одржливиот развој како приоритет во сите области на јавното планирање и развојот на градовите: со економски, социјални, урбанистички, еколошки, образовни, културни и други политики.
- За разгледување на алтернативите и доаѓање до конкретни решенија и промени во управувањето со градот кон одржлив град, потребно е донароските политики да ја препознаат важноста на проектите и иницијативите кои имаат експериментална и пионерска компонента и кои пилотираат пракси и процеси кои потенцијално би можеле да представуваат долгорочно системско решение.
- При поттикнување на актерите кои се занимаваат со одржливост на градовите и ангажирање на граѓаните/ките, значајно е донаторите, покрај експерименти и проектно финансирање, да ја препознаат неопходноста за поддршка на долгорочни програми и јавни простори кои овозможуваат континуитет во дејствувањето за јавно добро.
- Конечно, со цел да се иновираат праксите за управување со градот, потребно е донаторските политики, покрај поттикнувањето на активностите во пракса, да ја препознаат и важноста на деталните и сеопфатните истражувања на досегашните пракси, кои водат до препораки за идните активности и политики засновани на факти.
Д. Научно - образовни институции и организации
Како организациите кои се фокусирани на создавање на ново и циркулирање на постоечко знаење, научните и образовни институции играат важна улога не само во создавањето на одговорни и свесни стручњаци, туку и во обликувањето на јавните дебати по одредени теми. Оттука, важно е овие институции да придонесат за одржливоста на градовите на следните начини:
- Во образовните програми мора да бидат присутни интердисциплинарните погледи на прашањата за развојот на градот. Без оглед дали овие институции едуцираат архитекти, урбанисти, еколози, социолози, уметници, новинари или економисти, важно е сите струки да бидат запознаени со клучните придонеси на својата струка по прашањата за одржливост, како и клучните погледи на другите струки по истите прашања. Затоа се предлагаат интердисциплинарни семинари, работилници, летни и зимски кампови и други наставни и воннаставни активности посветени на прашањата за одржлив развој на градовите.
- Во истражувањата за одржлив развој, од големо значење е при барањето на решенија, да не се занемаруваат прашањата за причините за проблемоте, историјата на развојот на идеите и социјалните и политички односи кои стојат зад некои идеи, за да не биде решението козметичко и да прионесе кон долгорочно одржување на статус кво.
- Југословенското и светското (вон-европското) наследство и искуство во областа на одржливиот развој мора да заземе поистакнато место во истражувачките и образовните програми, бидејќи претставува извонредно вредно искуство во потрага за решенија за одржлив развој, како и негативните последици од некои применети решенија кои се помалку видливи во најразвиените земји.
view the document in issuu
KAH QYTETI I QËNDRUESHËM - sfida dhe rekomandime
Qëndrueshmëria e hapësirës, shprehjeve kulturore, qyteteve, sektorëve, hapësirave dhe e t; gjithë shoqërisë hasen gjithnjë e më tepër si tema edhe në hapësirat tona. Projekti Act4City merret pikërisht me çështjen e angazhimit dhe rolin e organizatave kulturore të pavarura, si dhe me qytetarët/qytetaret në mendimet publike dhe kontributet për qytetin, i cili është i qëndrueshëm. Gjatë angazhimit në lidhje me këtë temë për zhvillim të qëndrueshëm të teorisë së republikave jugosllave (të cilat nuk duhet të llogariten si përjashtime), vërejtëm se mënyra në të cilën kjo temë udhëhiqet është e rrethuar me shumë probleme të cilat vlen të theksohen. Pikërisht kjo hyrje e shkurtër merret me këto probleme dhe kuptimi i pamjaftueshëm i çështjeve për qytet të qëndrueshëm, ndërsa në pjesën e dytë të këtij dokumenti ofrohen rekomandime për palë të ndryshme të tanguara (bartës të vendimeve, organizata nga fusha e kulturës dhe artit, organizata shkencore dhe arsimore dhe donatorë), ndërsa në bazë të përvojave të pilotuara gjatë kohëzgjatjes së këtij projekti Act4City.
SFIA GJATË NDËRTIMIT TË QYTETIT TË QËNDRUESHËM
Në kontekst të zhvillimit të qëndrueshëm, nga vetë krijimi i këtij termini, rol kryesor luan politika ekonomike e cila para së gjithash duhet të sigurojë të ardhura të vazhdueshme të investimeve dhe klimë të mirë për investim, e cila nënkupton mundësi për arritjen e shkallëve të larta nëpërmjet shfrytëzimit të resurseve natyrore dhe fuqisë së punës, së qasshme, të kualifikuar dhe të lirë.Çështjet sociale, kulturore dhe ekologjike në kontekst të zhvillimit të qëndrueshëm, ndërsa para së gjithash qasshmëria e të mirave publike, objekte dhe shërbime gjenden në plan të dytë.
Si rezultat i kësaj, investuesit dhe interesat e tyre sipas rregullit llogariten si më të rëndësishmit nga interesat e grupit të qytetarëve, organizatave civile dhe qëndrueshmëria e proceseve natyrore, ata kanë qasje të privilegjuar drejt vendeve ku merren vendime, në mënyrë të konsiderueshme mund të ndryshojnë rregullativën ligjore ekzistuese ose të evitojnë pasojat për mos respektimin e të njëjtës, ndërsa disa kundërshtime interpretohen si kundërshtim i investimeve dhe zhvillimit ekonomik.
Shumë politikanë e injorojnë faktin se udhëheqin me të mirat publike të cilat nuk u takojnë, dhe së këndejmi edhe proceset e marrjes së vendimeve nuk i zbatojnë në mënyrë transparentë dhe në to i favorizojnë interesat e mbështetësve të tyre.Diskutime publike, konkurse publike dhe forma të tjera të pjesëmarrjes së publikut në procesin e marrjes së vendimeve, mashtrohen. Me këtë krijohen hapësira të mbyllura dhe të hapura të vendimmarrjes të cilat janë në favor të interesave të anëtarëve të fuqishëm të shoqërisë (globale), me çka mundësohet përvetësimi i të mirave publike.
Komisionet eksperte, formohen që të tregohet respektimi i procedurave, shumë shpesh janë të korruptuar ose jo mjaft profesionalë. Madje edhe kur kjo nuk është rast, pikëpamja partikulare mbi zhvillimin të cilin komisionet e këtilla e favorizojnë nuk e njohin llojllojshmërinë dhe gjithëpërfshirjen e problemeve profesionale dhe i promovojnë zgjidhjet njëdimensionale.
Njëkohësisht, institucionet kulturore në rajonin tonë, janë të mbyllura në fusha të përkufizuara ngushtë në fushën e kulturës dhe artit, që ka për detyrë të mos ngrihet shumë pluhur, të plotësohet koha e lirë me përmbajtje të pranueshme dhe vetë aktorëve në këtë fushë të kulturës dhe artit t’u sigurojë minimumin e nevojshëm për të mbijetuar. Në programet e tyre nuk ka fillimin e çështjeve më të gjera për qëndrueshmërinë e qyteteve dhe për mënyrën në të cilën jetojmë, punojmë, shpenzojmë dhe krijojmë.
Fusha e kulturës dhe artit ende e kupton veten si tërësisht të ndarë nga çështja për natyrën dhe përmbajtjet kulturore rrallë problematizohen nëpërmjet mënyrave të ndryshme të veprimit ndaj natyrës nëpërmjet historisë dhe kulturës si dhe mënyrave të ndryshme sipas së cilave e ka formuluar kulturën.
Zakonisht, në kërkim të praktikave më të mira në urbanizëm, mbrojtja, arkitektura, energjetika, ekologjia dhe fushat të tjera me rëndësi për zhvillimin shihet kah Perëndimit, edhe përpos faktit se trashëgimia jugosllave është shumë interesante nga aspekti i zhvillimit të qëndrueshëm.Si rezultat i kësaj, një numër i madh i organizatave të reja ekologjike, rinore dhe aktiviste nuk bashkëpunojnë me organizata amatore, sindikata, skaut, alpinistë dhe të tjerë të cilët janë themeluar para disa dekadave, ndërsa të cilët ende janë të anëtarësuar, kanë përvojë të vlefshme dhe disa resurse të cilat mund të bashkohen.
Në një numër të madh projektesh aktiviste dhe të angazhuara është inkorporuar ideja për letargji të qytetarëve e cila llogaritet si e dhënë dhe me këtë edhe më tepër, në mënyrë plotësuese e çinkurajon çdo përpjekje për ndryshim. Dallimet ndërmjet qytetarëve dhe mënyrave të krijimit dhe kënaqjes së nevojave të tyre gjithashtu të ndryshme, nuk merren parasysh dhe interpretohen në mënyrë shumë stereotipe dhe të thjeshtësuar.
Si rezultat i gjithë kësaj, në vend të zgjidhjeve themelore, shpesh prodhohen intervenime të përkohshme dhe sipërfaqësore, të cilat zakonisht paraqesin përpjekje për shërimin e plagëve të thella dhe të thyerave duke i ngjitur me fasha. Fashat, është evidente se nuk e zgjidhin problemin, por vetëm e krijojnë ndjenjën se po bëhet diçka. Njëkohësisht, procesi i reflektimit serioz, analizat, debatet dhe ndryshimet prolongohen për ndonjë kohë më të mirë.
Prandaj, në rekomandimet të cilat vijojnë, theksohet nevoja çështjet për qëndrueshmërinë e zhvillimit të qyteteve të vendosen në atë mënyrë që do t’i përfshijnë mendimet për disa çështje fondamentale të organizatave, shoqërisë, ekonomisë dhe kulturës, të krijohen hapësira dhe resurse që të kërkohen përgjigje, dhe në kërkim të përgjigjeve të këtyre çështjeve të përfshihet rreth më i gjerë i qytetarëve dhe qytetareve nga të gjitha shtresat, statuset sociale, arsimin që e kanë fituar dhe përvojën jetësore.
Me supozimin se për krijimin e politikave të ndryshme urbane duhet të marrin pjesë palë të ndryshme të tanguara, rekomandimet janë grupuar në katër grupe, përkundrejt disa aktorëve kryesorë të cilët marrin pjesë në vendimmarrjen publike, përfaqësimin dhe promovimin e idesë për qëndrueshmëri të zhvillimit urban.
REKOMANDIME PËR AKTORËT TË CILËT JANË PËRFSHIRË NË FORMIMIN E QYTETEVE
A. Përfaqësues të pushtetit / bartës të vendimeve
Në kontekst të asaj që u përmend më lartë, kuptimi i qytetit të qëndrueshëm dhe roli i aktorëve të kulturës në këtë fushë, projekti Act4City formulon shtatë udhëzime kryesore për bartësit e vendimeve të cilët menaxhojnë me zhvillimin e qyteteve dhe shpërndarjen e resurseve publike, në to bëjnë pjesë:
- Çështjet për zhvillimin e qyteteve janë të komplikuara dhe është me rëndësi në kërkimin e përgjigjes të marrin pjesë grupe të ndryshme dhe individë, me qëllim të mblidhet një gamë e gjerë e njohurive. Trupat punues dhe komisionet, prandaj duhet të jenë interdisiplinare, të hapura, dinamike, dhe në faza të ndryshme të grumbullojnë gamë sa më të madhe të mendimeve me qëllim të arrihet zgjidhja më e mirë.
- Bashkëpunimi ndërsektorial është me rëndësi esenciale në politikat e qyteteve të qëndrueshme. Prandaj është me rëndësi pjesëmarrja e aktorëve nga fusha e kulturës dhe artit në gamë të gjerë të çështjeve me rëndësi për qytetin, siç janë planifikimi urbanistik, arsimi, ekonomia, ndërsa gjithashtu në çështjet për kulturën dhe artin, të cilat janë të përfshira në politikën e qytetit duhet të përfshihen edhe profesione të tjera - planifikues, inxhinierë të mjedisit jetësor, ekonomistë, pedagogë, punëtorë social dhe të tjerë.
- Qyteti i qëndrueshëm është ai qytet ku aktorë të ndryshëm mund të shprehin nevojat e tyre, interesat dhe zgjidhjet, dhe me rëndësi është të krijohet hapësirë për një gamë të gjere të konsultimeve, takimeve dhe diskutimeve gjatë procesit të marrjes së vendimeve.Diskutimet publike nuk duhet të jenë hapi i fundit para marrjes së ndonjë vendimi, dhe projektet të cilat aprovohen dhe zbatohen me jetën publike duhet të jenë transparente dhe të arsyetuara.
- Duhet të inkurajohen organizatat qytetare dhe institucionet nga fusha e kulturës dhe artit, por edhe më gjerë, të ndjekin procesin e marrjes së vendimeve dhe të përfshihen në to, me atë që programet e tyre, aktivitetet dhe intervenimet të cilat do t’i udhëzojnë drejt ndriçimit të çështjeve aktuale të cilat janë me rëndësi për qytetarët dhe qytetaret.
- Politikat kulturore të qyteteve dhe mekanizmat për financimin e organizatave dhe institucioneve nga fusha e kulturës, duhet të nxisin krijimin e përmbajtjeve dhe praktikave kulturore të cilat ngrenë çështje aktuale me rëndësi për publikun, të cilat ofrojnë përgjigje të mundshme dhe mënyra të ndryshme të shikimit të cilësisë së jetës, raporti ndaj natyrës, pozita sociale dhe politika ekonomike.
- Gjithashtu, politikat kulturore duhet t’i formulojnë mekanizmat për mbështetjen e organizatave nga fusha e kulturës dhe artit në bashkëpunim me sektorë të tjerë, dhe në veçanti t’i vlerësojnë eksperimentet të cilat çojnë drejt zgjidhjeve të reja për qytetin.
- Nevojitet të ndërtohen vazhdimisht kapacitetet e institucioneve dhe aktorëve të pavarur në kulturë për zgjidhjen e çështjeve për qytet të qëndrueshëm dhe aktivizëm qytetar, dhe është me rëndësi mekanizmat për financim të mos mbështetin vetëm projekte të caktuara afatshkurta, por edhe programe afatgjata dhe vend për takime.
B. Aktorë të pavarur në kulturë
Në kërkim të hapësirës për qytetarët/ qytetaret aktivë/aktive dhe aktorët e pavarur në kulturë, projekti Act4City iu bashkëngjit idesë se është me rëndësi problematikën për menaxhim me shoqërinë të mos e mbikëqyrim vetëm si çështje eksperte për mbrojtjen e llojeve të kafshëve dhe llojeve bimore, prodhimin e energjisë dhe riciklimin, menaxhimin me normat e interesit, planifikimin hapësinor, ndërtimin dhe rregullimin e ligjeve, por edhe si çështje për jetën e përbashkët të njerëzve, makinat, bimët, kafshët dhe materia jo e gjallë në planet. Pikërisht gjatë shqyrtimit të këtyre raporteve dhe çështjeve për organizim në kulturë dhe art, mund të sigurojnë kontribut të rëndësishëm edhe atë në këto mënyra:
- Në luftën për qytet të qëndrueshëm, aktorët në kulturë duhet t’i problematizojnë idetë për kulturën si të izoluar, padyshim edhe si të mirë të përgjithshme dhe të synojnë përmbajtjeve kulturore t’u ofrojnë përgjigje për çështjet aktuale me rëndësi për publikun dhe ofrojnë mënyra të ndryshme të shikimit të realitetit, të raportit ndërmjet kulturës dhe natyrës dhe cilësisë së jetës nga përmbajtjet më të qasshme globale ose tradicionale kulturore. Prandaj, është me rëndësi këta aktorë t’i ndjekin debatet publike dhe të ofrojnë hapësira alternative për pjesëmarrje aktive të qytetarëve/qytetareve nga profile të ndryshme dhe shprehjen e qëndrimeve dhe mendimeve të ndryshme.
- Aktorët e pavarur në kulturë gjithnjë e më tepër janë në linjën e parë të eksperimenteve në fushën e formave të reja të politikës.Siç janë ngushtuar shumë nga hapësirat për angazhim dhe politikë, aktorët në fushën e kulturës dhe artit duhet të përdorin pozitën e tyre shoqërore që të krijojnë mikrohapësira për politikë për qytetarë dhe qytetare nëpërmjet përmbajtjeve të angazhuara artistike, pjesëmarrjen e qytetarëve dhe qytetareve gjatë procesit të produksionit të përmbajtjeve kulturore dhe intervenime në hapësirën publike.
- Lufta për qytet të qëndrueshëm duhet të jetë ndërsektoriale dhe ndëresoriale, për çka nevojiten hapësira për dialog dhe mendim të përbashkët për zhvillim alternativ të qyteteve me qytetarë dhe qytetare, politikanë, ekologë, ekonomistë dhe profesionistë të tjerë. Kjo nuk do të thotë refuzim të ekspertëve specifikë, por mbrojtje të interesit publik dhe hapësirës për debat publik nga mbyllja në rrathë të ngushtë të ekspertëve të cilit do orientim.
- Gjatë debateve për qytet të qëndrueshëm, aktorët në fushën e kulturës dhe artit duhet t’i zgjerojnë në korniza gjeografike dhe kohore në kërkimin për politikat për qëndrueshmëri jashtë shoqërive moderne perëndimore, por të hulumtojnë edhe të vendosin në hapësirën publike trashëgiminë e periudhës jugosllave, si dhe politikat ekologjike, sociale dhe ekonomike të hapësirës jashtë evropiane si inspirim të mundshëm.
- Gjatë përfaqësimit të transparentëve dhe politikave publike përgjegjëse, organizatat e pavarura duhet edhe vetë të kontribuojnë për klimën e përgjegjësisë dhe transparencës, ashtu që për burimet dhe mënyrat e tyre të grumbullimit të mjeteve do të jenë më të hapur.
C. Donatorë
Donatorët e jashtëm janë faktor i rëndësishëm që të nxiten jo vetëm projektet individuale, por edhe ruajtja e organizatave mbi punën e të cilave agjenda e tyre ka ndikim të madh. Prandaj:
- Donatorët e huaj duhet t’u përgjigjen specifikave në nivel nacional dhe lokal, si dhe t’i mbështesin dhe përforcojnë iniciativat të cilat ekzistojnë tani më. Politikat e donatorëve duhet të jenë pika e vërtetë e bashkëpunimit ndërmjet organizatave ekologjike nga koha e Jugosllavisë (klubet alpiniste, pylltarë, shërbimet e pyjeve, lëvizjet rinore) dhe organizatat joqeveritare sapo të formuara, nga fusha e ekologjisë, zhvillimit urban, kulturës.
- Duke pasur parasysh se çështja për qytet të qëndrueshëm vlen për politikat ekologjike, ekonomike, sociale dhe kulturore dhe politika të tjera dhe kërkon qasje të integruar drejt politikave publike, politika e donatorëve dhe mekanizmat për mbështetje do të duhet të nxisë bashkëpunim ndërsektorial dhe ndëresorial, takime të ekspertëve të ndryshëm dhe ekspertë qytetar në iniciativa dhe zgjidhje për qytet të qëndrueshëm.
- Politikat e donatorëve dhe mekanizmat për mbështetje duhet të nxisin përfshirjen e zhvillimit të qëndrueshëm si prioritet në të gjitha fushat e planifikimit publik dhe zhvillimin e qyteteve:Me politika ekonomike, sociale, urbane, ekologjike, arsimore, kulturore dhe politika të tjera.
- Për shqyrtimin e alternativave dhe arritjen e zgjidhjeve konkrete dhe ndryshime në menaxhimin me qytetin drejt qytetit të qëndrueshëm, nevojiten politika donatore të identifikojnë rëndësinë e projekteve dhe iniciativave të cilat kanë komponentë eksperimentale dhe pioniere dhe të cilat pilotojnë praktika dhe procese të cilat në mënyrë potenciale afatgjate mund të jenë zgjidhje sistemore.
- Në nxitjen e aktorëve të cilët janë të përfshirë në qytetin e qëndrueshëm dhe angazhimin e qytetarëve qytetareve, me rëndësi është donatorët përpos ekspertë dhe financim të projektit të identifikojnë nevojën për programe afatgjate për mbështetje dhe hapësira publike që të sigurohet vazhdimësi në veprimin për të mirë publike.
- Përfundimisht, me qëllim të inovohen praktikat për menaxhim me qytetin, nevojitet politikat donatore, përpos nxitjes së aktiviteteve në praktikë, të identifikojnë edhe rëndësinë e hulumtimeve të detajuara dhe gjithëpërfshirëse të praktikave të deritanishme, të cilat rezultojnë me rekomandime për aktivitete të ardhshme dhe politika të bazuara mbi fakte.
D. Institucione dhe organizata shkencore – arsimore
Si organizata të cilat janë të fokusuara në krijimin e njohurive të reja dhe qarkullimin e njohurive ekzistuese, institucionet shkencore dhe arsimore luajnë rol të rëndësishëm jo vetëm në krijimin e profesionistëve përgjegjës dhe të vetëdijshëm, por gjithashtu edhe në formulimin e debateve publike në lidhje me tema të caktuara.Së këndejmi, është me rëndësi këto institucione të kontribuojnë për qëndrueshmërinë e qyteteve sipas mënyrës si vijon:
- Në programet arsimore duhet të jenë të pranishme pikëpamjet interdisiplinore për çështjet e zhvillimit të qytetit. Pa marrë parasysh nëse këto institucione edukojnë arkitektë, urbanistë, ekologë, sociologë, artistë, gazetarë ose ekonomistë, është me rëndësi të gjitha strukturat të njihen me kontributet kryesore në profesionin e tyre në lidhje me çështjet për qëndrueshmëri, si dhe me pikëpamjet kryesore të profesioneve të tjera në lidhje me çështjet e njëjta.Prandaj propozohen seminare, punëtori, interdisiplinore, kampe verore dhe aktivitete të tjera arsimore dhe jashtë arsimore të dedikuara për çështjet e zhvillimit të qëndrueshëm të qyteteve.
- Gjatë hulumtimit të zhvillimit të qëndrueshëm, me rëndësi të madhe është kërkimi i zgjidhjeve, të mos anashkalohen çështjet për shkaqet e problemit, historia e zhvillimit të ideve dhe raportet sociale dhe politike të cilat qëndrojnë mbrapa disa ideve, që të mos jetë zgjidhja si grim dhe të kontribuojë drejt ruajtjes afatgjate të status kuo.
- Trashëgimia jugosllave dhe botërore (jashtë evropiane) dhe përvoja në fushën e zhvillimit të qëndrueshëm duhet të marrë vend më të rëndësishëm në programet hulumtuese dhe arsimore, sepse paraqet përvojë jashtëzakonisht të vlefshme në kërkim të zgjidhjeve për zhvillim të qëndrueshëm, si dhe pasojat negative nga zgjidhjet e pranuara të cilat janë më pak të dukshme në vendet më të zhvilluara.
ACT4CITY - Independent cultural actors towards sustainable Balkan cities е проект кој промовира пристап на одржливост на градовите преку заеднички едукативни, уметнички и активности на јавно застапување. Проектот го реализираат Експедицио, Котор, МЕ; Министерство за простор, Белград, РС; Градска Креативна Мрежа, Скопје, МК; Уметничка работилница Лазарети, Дубровник, ХР. The project ACT4CITY is funded by Balkan Arts and Culture Fund BAC. BAC is supported by the Swiss Government through the Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC) and the European Cultural Foundation (EFC).
|