CITY CREATIVE NETWORK (CCN) is actively working on the upcoming project:
SKOPJE CREATIVE HUB 2014 (SCH2014)
29 August – 7 September 2014
SCH2014 is a one-week, intensive, cross-disciplinary, project-based, workshop consisted of design proposals for urban interventions and a series of public debates about creative approaches to urbanity that promote citizens’ participation in public spaces. Combining urban interventions and debates will lead to a strong impact and visibility of the Hub as a public space in itself. The Hub is a unique opportunity for the local and international professionals and students to work together with the citizens about the importance of participation and alternative use of public space through creative initiatives.
This workshop will trigger a new wave of rising awareness about citizens’ engagement with the public space.
The Skopje Creative Hub should grow into an idea-generating tank based on creative work, collaboration and production, a reservoir of fresh ideas through design proposals set in urban space.
Our work will focus on generating practical, and impactful answers to the pressing questions:
What can we learn from Skopje’s urban peculiarities?
What can we offer as young creatives?
Format and final outcome:
(1) A series of urban interventions developed in parallel to (2) public debates with invited guests.
(1) The interventions are conceived as design objects that offer alternative use and promote personal interpretation of the public space. They are interactive objects in various mediums (visual, sound, space etc.) that provoke curiosity and close contact.
(2) For the public debates we invite the most relevant creative thinkers, activists and philosophers that will give a sharp critique and direction for the work of the workshop. Their critical view will raise the quality of the work and open a public debate on relevant issues on urbanity and citizens’ engagement.
Why Skopje?
We strongly believe there is a vast creative potential in the city from which both citizens and the international participants of the Skopje Creative Hub will benefit. There is a lot of untapped creativity in the arts and culture sectors, especially among diverse creative disciplines: young and established! Since our experience is based on international work on creative initiatives about public spaces, we believe that in contrast to these, the awareness of the citizens of Skopje is at a discouragingly low level at the moment. An international group of creatives working in Skopje will bring fresh ideas and activate the public space in cooperation with the local citizens. We have worked on similar issues regarding activating public spaces through creative ways of participation in various cities. Our experience has convinced us that there is dire need for this in Skopje given the low awareness for urban rights in this city. After the devastating earthquake of 1963, the rebuilding process, sponsored and mediated by the United Nations, Skopje became a world capital where the most influential creative minds of that time like Kenzo Tange, Arata Isozaki, Constantinos Doxiadis, Van der Broek and Bakema etc. were drawing and building the future blueprint for the city. This made Skopje a melting pot of ideas that is now largely forgotten. Why did this happen?
We would like to work together on reigniting this idea and vision for the city; together with the city and its people. The Hub will host the most relevant architects, designers, artists, photographers, thinkers, activists and academics. The Skopje Creative Hub will reestablish Skopje as a capital of creativity.
ГРАДСКА КРЕАТИВНА МРЕЖА (ГКМ) активно работи на претстојниот проект:
СКОПЈЕ КРИЕИТИВ ХАБ 2014 (СКХ2014)
29 Август – 7 Септември
СКХ2014 е еднонеделен, интензивен, интердисциплинарен, проектно базиран креативен фестивал кој се состои од предлог дизајни за урбани интервенции и серија на јавни дебати на тема креативно пристапувањето кон урбаноста, чија цел е да го поттикне граѓанското учество во (креирањето на) јавниот простор.
Преку комбинирање на јавните интервенции и дебати ќе се постигне силно влијание, видливост и препознавање на СКХ2014, како јавен простор самиот во себе.
СКХ2014 преставува единствена можност младите локални и меѓународни професионалци и студенти да работат заедно со граѓаните на важноста од учество во јавниот простор, како и да укажат на неговата алтернативна употреба преку креативни иницијативи.
Оваа креативен фестивал има за цел да поттикне нов бран на подигање на свеста за потребата од граѓанска ангажираност во јавниот простор.
СКОПЈЕ КРИЕИТИВ ХАБ се стреми да прерасне во генератор на нови идеи за креативна работа, соработка и продукција – резервоар на свежи дизајн предлози поставени во урбаниот простор.
Нашата работа ќе се фокусира на генерирање на практични и релевантни одговори на важните прашања:
Што можеме да научиме од урбаните специфичности на Скопје?
Што можеме да понудиме како млади креативни професионалци?
Формат и краен резултат:
(1) Серија на урбани интервенции развиени паралелно со (2) јавни дебати со поканети гости.
(1) Интервенциите се замислени како дизајнирани објекти кои нудат алтернативна употреба и промовираат индивидуална интерпретација на јавниот простор. Тие преставуваат интерактивни објекти изработени во различни медиуми (визуелни, звучни, просторни итн.) кои повикуваат на љуботипност и контакт од близу.
(2) Во рамки на јавните дебати поканивме високо релевантни креативни мислители, професори, активисти и филозофи кои ќе обезбедат остри критики и насоки за работата на работилницата. Нивниот критички поглед ќе го подигне квалитетот на работата и ќе отвори јавна дебата за релевантни теми поврзани со урбаноста и граѓанската ангажираност.
Зошто Скопје?
Убедени сме дека градот поседува огромен креативен потенцијал, кој ќе им овозможи големи придобивки на граѓаните и меѓународните учесници на Скопскиот Креативен Центар. Во Скопје постои огромна неискористена креативност во уметничкиот и културниот сектор, особено помеѓу различните креативни дисциплини: млади и реализирани!
Бидејќи нашето искуство се основа на меѓународна работа на креативни иницијативи поврзани со јавниот простор, веруваме дека во контраст со ова, свесноста на граѓаните на Скопје во моментов е на обезхрабрувачко ниско ниво. Меѓународната група на креативци, работејќи во Скопје ќе донесе свежи идеи и ќе го активира јавниот простор во соработка со локалното население. Досега сме работеле во повеќе градови на слична проблематика поврзана со активирање на јавниот простор преку креативен начин на партиципација. Нашето искуство не убеди дека во Скопје постои огромна потреба од ваква интервенција, со оглед на ниската свест за урбаните права во овој град.
По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со процесот на повторна изградба на градот, спонзорирана и водена од страна на Обединетите Нации, Скопје стана светски центар каде што највлијателните креативни мислители во тоа време како Кензо Танге, Арата Исозаки, Константинос Доксиадис, Ван дер Брок, Бакема и др. го цртаа и градеа идниот план за градот. Тоа го направи Скопје центар на соединување на идеи, факт кој денес е во голема мера заборавен. Зошто се случи ова?
Ние би сакале да работиме заедно на рестартирање на оваа идеја и визија за градот – заедно со градот и неговите луѓе. СКХ2014 ќе биде домаќин на најрелевантни архитекти, дизајнери, уметници, фотографи, мислители, активисти и академци. СКОПЈЕ КРИЕИТИВ ХАБ ќе го обнови Скопје како центар на креативност.
Facebook page: